Полскиот амбасадор во Франција: Ако Украина не се одбрани, Полска ќе влезе во војна со Русија
Јан Емерик Рошишевски, полскиот амбасадор во Франција, во интервју за француската телевизија LCI изјави дека може да се појави ситуација во која Полска ќе мора да влезе во војна. „Не е НАТО, Полска или Словачка кои вршат зголемен притисок, туку Русија која ја нападна Украина. Русија ги краде нејзините територии. Русија која го убива својот народ. И Русија која киднапира украински деца“, рече тој.
„Значи, или Украина ќе ја одбрани својата независност или ќе мора да влеземе во овој конфликт. Затоа што нашите главни вредности, кои се основата на нашата цивилизација и нашата култура, ќе бидат загрозени. Затоа, нема да имаме друг избор освен да влеземе во конфликтот“, продолжи тој.
Полската амбасада во Франција потоа излезе со соопштение во кое се наведува дека некои медиуми изјавите на амбасадорот ги толкуваат „надвор од контекст“, пишува „Украинска правда“.
„За време на триесетминутниот разговор со уредникот, амбасадорот Рошчишевски се залагаше за потребата сојузниците да ја поддржат Украина. Зборуваше и за заканата што Русија ја претставува за Европа и европските вредности“, се наведува во соопштението.
„Со внимателно слушање на целиот разговор, станува јасно дека нема најава за директно вклучување на Полска во конфликтот, туку само предупредување за последиците што може да ги има украинскиот пораз: можност за руски напад или мешање на неколку централни европски земји – балтичките земји и Полска“, додава тој.
Амбасадата нагласи дека во неговото интервју за LCI, амбасадорот Рошчишевски јасно ставил до знаење дека Полска моментално не е во војна, но „прави се што може за да и помогне на Украина и да се заштити себеси“ во војната на Русија против Украина.
„Потрагата за сензационалистичко тврдење кое е во спротивност со постојаните напори на Полска во изминатата година да и помогне на Украина да победи во овој конфликт и на тој начин да ја оддалечи од Европа и Полска, треба да се гледа како знак на лоша волја“, се вели во соопштението на амбасадата. Јан Емерик Рошишевски е полски амбасадор во Франција речиси една година.
Ново на Сител
-
Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила
-
33-годишна жена нападната од својот сопруг и свекрвата
-
САД и Јапонија подготвуваат план за распоредување HIMARS на јапонските острови близу Тајван
-
Разбиена најголемата меѓународна пиратска мрежа: 22 милиони корисници и 250 милиони евра месечно
-
Во Велика Британија започна судски процес против тројца Бугари обвинети за шпионажа за Русија, двајца други признаа вина
-
Потвредено обвинението против осомничените за убиството на Данка Илиќ, се бара доживотен затвор
-
Сиљановска Давкова: Ако дозволиме ветото да опстои, дури и најуспешните во чекорењето пред крајот можат да се соочат со него
-
Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски