Полската премиерка минала без повреди во сообраќајна незгода во Израел
Неколку возила од колоната во која се наоѓала и автомобилот со полската премиерка Беата Шидло, синоќа имале судар, на самиот почеток од нејзината државна посета на Израел. Премиерката минала без повреди, затоа што возилото во кое се наоѓала не учествувало во сударот, соопштија денеска полски официјални претставници, јавуваат американските медиуми.
До сообраќајната незгода дошло доцна синоќа, во момент кога премиерката била на пат од аеродромот во Тел Авив кон Ерусалим, на почетокот на полско-израелските разговори.
Портпаролот на полската Влада, Рафал Бошенек, изјави дека двајца полски претставници се наоѓаат под медицински надзор, но дека не се тешко повредени.
Еден од нив е член на обезбедувањето на полската Влада, а вториот е член на персоналот на канцеларијата на премиерката, се наведува во американските медиуми.
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат