Полската премиерка минала без повреди во сообраќајна незгода во Израел
Неколку возила од колоната во која се наоѓала и автомобилот со полската премиерка Беата Шидло, синоќа имале судар, на самиот почеток од нејзината државна посета на Израел. Премиерката минала без повреди, затоа што возилото во кое се наоѓала не учествувало во сударот, соопштија денеска полски официјални претставници, јавуваат американските медиуми.
До сообраќајната незгода дошло доцна синоќа, во момент кога премиерката била на пат од аеродромот во Тел Авив кон Ерусалим, на почетокот на полско-израелските разговори.
Портпаролот на полската Влада, Рафал Бошенек, изјави дека двајца полски претставници се наоѓаат под медицински надзор, но дека не се тешко повредени.
Еден од нив е член на обезбедувањето на полската Влада, а вториот е член на персоналот на канцеларијата на премиерката, се наведува во американските медиуми.
Ново на Сител
-
ВМРО - ДПМНЕ, ЗНАМ и „Вреди“ поднесоа барање во Собранието за јавна расправа за законски измени за зајакнување на безбедноста во сообраќајот
-
Герасимовски: Контејнерите преполни со ѓубре, Град Скопје не исчисти ниту викендов
-
Пронајдено безживотно тело на исчезната жена од кумановско
-
МВР со ВИДЕО од акцијата во која се запленети над 500.000 евра
-
Еврото најслабо од ноември 2022 година во услови на трговски тензии во САД
-
Арсенал ги здроби немоќните „граѓани“ во дербито на Премиер лигата
-
Мората: Галатасарај е единствената причина поради која дојдов во Турција
-
Едно лице загина во експлозија во станбена зграда во Москва