Полска воведува нов данок за големите продавници
Полска планира да воведе нов данок за големите продавници за малопродажба, со кој нема да ги оданочува нивните приходи, туку непријатноста што овие продавници им ја предизвикуваат на градовите, изјави полската министерка за технологија и претприемништво Јадвига Емилевиц.
Данокот може да се наплатува поради зголемениот сообраќај кој го создаваат големите продавници и потребните инвестиции во патиштата, изјави Емилевиц.
Ако новата влада брзо се формира, овие закони би можеле да бидат претставени уште оваа година, а новиот данок би можел да стапи во сила на почетокот од 2020 година.
Данокот на сообраќаен метеж, секако, ќе биде прифатлив за Европската комисија, додаде Емилевиц.
Претходниот обид на Полска да оданочува продавници за малопродажба, со данок на приход со прогресивна даночна стапка, беше запрен веднаш по неговото воведување во 2016 година, откако Европската комисија изрази сомнеж за неговата усогласеност со регулативите на ЕУ.
Европскиот суд на правдата потврди дека данокот на доход е во согласност со регулативите на ЕУ по што Европската комисија ја обжали одлуката.
Оданочувањето на големите продавници за малопродажба, кои честопати се во странска сопственост, е едно од главните ветувања од кампањата на владејачката партија Право и правда (ПИС) уште од 2015 година.
Ново на Сител
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај
-
Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден
-
Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350
-
Обилен снег и силен студ ќе зафати делови од Европа во наредните денови
-
Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори во Газа до победа
-
Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард
-
Состојба на патиштата