Полска поднесе тужба поради правилата на ЕУ за потрошувачката на гас
Полска поднесе тужба до Европскиот суд на правдата во врска со регулативата на Европската унија за намалување на потрошувачката на гас усвоена во јули, наведувајќи дека регулативата на 27-члениот блок не е усвоена едногласно.
Полскиот заменик-министер за правда Себастијан Калета на својот Твитер профил напиша дека регулативата е во спротивност со договорите на ЕУ, додавајќи дека при нејзиното донесување не се почитувал принципот на едногласност.
Калета изјави дека тоа го блокира правото на вето на Полска, иако тоа е јасно предвидено со договорите на ЕУ.
– Ова е многу важно бидејќи ЕУ, која веќе неколку години носи нови решенија во областа на енергетиката, ја лишува Полска од можноста да го искористи правото на вето, рече тој.
Според Калета, ЕУ се обидува да ја искористи енергетската криза за целосно да го преземе обликувањето на енергетската кошница на континентот.
Како дел од планот за вонредни состојби што е во сила од јули, ЕУ предвиде сите земји-членки да ја намалат потрошувачката на гас за 15 проценти поради можноста за прекин на испораките на природен гас од Русија.
Ново на Сител
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години
-
ЗНАМ: Наскоро имиња за Центар и Куманово
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Деканот на Градежен нов независен кандидат за градоначалник на Скопје