Полска нема да прими бегалци од Италија
Откажано е преселувањето во Полска на бегалците кои во моментов се наоѓаат во Италија, денеска соопшти Министерството за надворешни работи во Варшава, пренесоа полските медиуми, цитирани од ТАСС.
„Причината е што не успеавме да обезбедиме доволно безбедносни гаранции, што се приоритет за полската Влада“, посочи Министерството и објасни дека „немаше можност за соодветна проверка на кандидатите“ и потврдување на нивниот идентитет.
Слични проблеми „за неможност од ефикасна проверка“ се појавија и при контактите со Грција, од каде Полска, исто така, се подготвуваше да прифати бегалци, забележа министерството.
Во рамки на европската програма за пререгистрација на нелегалните мигранти, кои пристигнаа во ЕУ, Полска минатото лето презеде обврска во следните две години да прифати 7.000 бегалци.
Полските власти засега најавуваат дека се подготвени годинава да сместат само 400 лица. Првите 100 од нив, 65 од Грција и 35 од Италија, на полска територија требаше да пристигнат уште во март, но по бриселските атентати премиерот на Полска, Беата Шидло, изјави дека нејзината земја се уште не е подготвена да прими бегалци, напомена ТАСС.
Ново на Сител
-
Во Појасот Газа пристигна уште помош, додека ОН предупредуваат на проблеми со дистрибуцијата
-
Русија три дена под масовен напад со дронови
-
Управувал возило со 2,1 промили алкохол во крвта - уапсен охриѓанец
-
МЗШВ: Исплатени се 105.002.614,00 денари кон 7.158 земјоделци
-
Пониски температури, дожд, град, грмежи - УХМР со предупредување за претстојниот викенд
-
Тајланд регистрира 50.000 случаи на Ковид19 за една недела, нов вид го поттикнува растот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Британија ќе ја развие инфраструктурата
-
Национален ден на Власите