Полска ќе бара објаснување од Русија за нарушувањето на нејзиниот воздушен простор
Полска ќе бара објаснување од Русија за нарушувањето на полскиот воздушен простор со руска крстосувачка ракета, соопшти денеска полското Министерство за надворешни работи, цитирано од француските медиуми.
-Пред сè, ќе побараме од Руската Федерација да ги прекине своите терористички воздушни напади врз населението и територијата на Украина, да стави крај на војната и да се справи со нејзините внатрешни проблеми, рече портпаролот на полското Министерство за надворешни работи, Павел Вронски.
Британските медиуми претходно јавија дека Русија рано утринава го наруши полскиот воздушен простор со крстосувачка ракета истрелана врз цели во западна Украина, соопштија полските вооружени сили.
„На 24 март во 04:23 часот дојде до нарушување на полскиот воздушен простор со лансирана крстосувачка ракета од страна на Руската Федерација“, се наведува во соопштението на полските вооружени сили на социјалната мрежа Х.
Објектот влегол во полскиот воздушен простор во близина на Осердов во Лубеловото војводство и останал во полскиот воздушен простор 39 секунди, додека цело време на неговиот лет објектот бил следен од воени радарски системи, соопштија полските вооружени сили.
Руската ракета утринава навлегла во воздушниот простор на Полска околу два километра, а потоа продолжила со летот во Украина, изјави портпаролот на полските вооружени сили.
Руската ракета, која навлезе во полскиот воздушен простор, „се движеше со брзина од речиси 800 километри на час“, објасни портпаролот.
Полскиот воздушен простор во моментов е безбеден, додаде тој
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии