Полска ја обвинува Русија за немањето воена репарација од Германија

Полскиот министер за одбрана, Мариуш Блашчак, изјави дека само заради „ одлука на Русија“ неговата земја не добила воена репарација од Русија, пренесуваат руските медиуми.
На полската телевизија Блашчак изјави дека Русија донела одлука заради која Полска не добила повратна отштета од Германија. Според него, неговата земја не била суверена во оваа одлука.
Блашчак смета дека се уште е отворено прашањето за добивање надомест од Германија. Тој изрази задоволство од фактот што германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер се изјасни за виновен за улогата на неговата земја во избувнувањето на Втората светска војна.
Полскиот претседател Анджеј Дуда претходно во интервју за „Билд“ ја најави намерата неговата земја да и ја „наплати“ на Германија штетата што и била нанесена во текот на Втората светска војна.
Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас изјави дека ова прашање за оштетата кон Полска е затворено за неговата земја.
Ново на Сител
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
