-->
-->
Полска: Експлозија на неидентификуван објект во близина на границата со Украина
-->
Неидентификуван објект падна и експлодираше во поле во источна Полска, во близина на границата со Украина, соопштија локалните власти.
Според полицискиот извештај, нема повредени, но во селото Осини, во регионот Холм, била предизвикана материјална штета на неколку куќи.
Војската и полицијата ја обезбедуваат областа и истражуваат од каде потекнува објектот.
Случајот се случува во услови на зголемени тензии поради војната во Украина и претходните инциденти кога руски ракети залутаа на полска територија.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ
-
МВР со дронови ќе го набљудува избирачкиот ден, ќе има и дежурни обвинители низ Македонија
-
За пожарот во „Пулс“ ќе му се суди и на сопственикот на агенцијата за обезбедување
-
На „vakcinacija.mk“ пријавени над 49 000 граѓани - На располагање има 80 000 бесплатни вакцини
-
Граѓанскиот суд го забрани штрајкот на контролорите на летање, синдикатот ќе се жали
-
Ќе има ли одговорност за куќата на писателот Малески
-
Македонија добива нова национална ИКТ стратегија - СМАРТ МК 2030
-
Преглед на вестите од светот