Положбата во која седите открива многу за вас
Седите исправено, со скрстени раце, потпрени... Секоја положба „зборува” многу за вас.
Исправени сте додека седите
Вие сте лице со силна волја и полни со самодоверба. Никогаш не се двоумите околу потезите кои ги правите во животот. Сакате се да знаете и да имате се под контрола. Сакате да помагате на другите.
Потпрени сте на грбот
Чувствителни сте и симпатични и никогаш не сте рамнодушни кон чувствата на другите. Внимателни сте при одлучувањето и склони кон анализирање. Пред да донесете важна одлука долго ја проучувате ситуацијата, ги споредувате деталите.
Навалени сте нанапред
Оваа поза е карактеристична за луѓе кои лесно се занесуваат и заинтересирани се за разни работи. Вие сте умерено љубопитни и отворени за нови познанства. Знаете како да се договорите со другите, вешто давате комплименти и знаете да ги фалите своите соговорници.
Седите со споени нозе
На прв поглед делувате како ладен човек, но кога луѓето ќе ве запознаат, гледаат дека сте тотално поинакви. Точни сте и педантни.
Нозете една преку друга
За вас може да се каже дека сте скромни, помалку срамежливи и често ви е непријатно во друштво со непознати. Склони сте на криење на емоциите, па другите мислат дека сте затворен човек.
Дланките меѓу нозете
Многу нежни, чувствителни и добронамерни. Не ги игнорирате проблемите на другите, реагирате веднаш и давате се од себе да им помогнете.
Дланките со испреплетени прсти
За вас може да се заклучи дека сте многу чувствителни, импулсивни, отворени. Секогаш се обидувата да бидете оптимист и сакате својот оптимизам да го делите со другите. Кога разговараат со вас, другите луѓе добиваат инспирација и позитивна енергија. Тоа е причина што никогаш не сте сами. вз/ссм/11:22
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера