Положани: Пропустите се човечки, веднаш почнав со комплетирање на документацијата

Во врска со веста објавена во неколку медиуми, со која се пренесува информацијата на Државната комисија за спречување на корупцијата, дека врз ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје, проф. д-р Азиз Положани ќе се спроведе прекршочна постапка заради недоставување анкетен лист за имотната состојба, ја информирам јавноста со следното:
Во времето кога јас бев избран за ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, Комисијата за спречување на корупцијата беше соочена со сериозни турбуленции што резултираа со оставки на членовите на комисијата, и покрај мојата добра волја не бевме во можност да добиеме прецизни инструкции околу обврските поврзани со Законот за спречување на корупцијата, во однос на позицијата–ректор на универзитет.
Во оваа прилика би сакал да ве потсетам дека Универзитетот „Мајка Тереза“ е новоформиран универзитет, без претходно искуство и наследна функција на ректорот, што може да се должи на недоволното познавање на правните постапки, но не и поради непочитување на законот. Свесен за можноста да направам можен пропуст, ги поздравив предлозите на пријателите на универзитетот и веднаш започнав со барање начини за нивно надминување.
Затоа, како ректор и како универзитет, го поздравивме усвојувањето на новиот Закон за спречување на корупцијата и формирањето на Комисијата со нови членови, а истовремено ги проучивме обврските што произлегуваат од овој закон за раководителите на високообразовните институции, преземајќи конкретни чекори за исполнување на моите обврски како ректор на овој универзитет.
Ново на Сител
-

МОМ предупредува: Превозот на тела на жртви од ебола го зголемува ризикот од ширење на заразата во ДР Конго
-

Иран: Нападите ќе продолжат додека САД не ги запрат ударите врз југот на земјата
-

СП 2026: Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар
-

Аларм за воздухот во САД пред финалето на Мундијалот: Чадот од канадските пожари стигна до Њу Џерси и Њујорк
-

Ѓорѓиевски: Децении лажни ветувања завршуваат денес, Горно Оризари конечно добива достојни услови за живот
-

Лишен од слобода скопјанец, одземени две товарни возила со криумчарена стока на македонско-косовската граница
-

41-годишник со камења ги мавал даночните контролори на локалитетот “Куклица”
-

Успешно заокружен првиот циклус од Лидерската академија на Flex Group: Стратешка инвестиција во развој на менаџерскиот кадар
