Половина метар е најдолгото гласачко ливче, ДИК дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња
Државната изборна комисија денеска од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња за локалните избори кои ќе се одржат в недела на 19 октомври, а најдолгото ливче е 500 милиметри или половина метар.
Во изјава за медиумите, претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко истакна дека седумнаесет тимови на ДИК заедно со обезбедување на МВР вршат непречена дистрибуција до сите изборни комисии во земјава.
– Согласно законските рокови и планот на ДИК денеска од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола, ДИК врши дистрибуција и примопредавање на целокупниот доверлив изборен материјал до сите 80 Општински изборни комисии (ОИК) и комисијата на Град Скопје. Доверливиот изборен материјал се состои во сите испечатени изводи на ибирачките списоци, испечатеани изводи на оригиналните обрасци записници за секое избирачко место и секоја ОИК, како и сите гласачки ливчиња. Седумнасет тимови на ДИК во текот на денов заедно со обезбедување на МВР ја вршат дистрибуцијата на материјалот. Испечатени се вкупно 4.613.438 гласачки ливчиња за цела држава, а тоа се ливчињата за градоначалници, советници, како и за гласачките ливчиња за Град Скопје, посебно за градоначалници и посебно за Совет на Град Скопје, посочи Кондарко.
Битолската печатница изработи 254.262 испечатени страници на избирачките списоци и посебните изводи на избирачките списоци, потоа 8.692 обрасци оригинални записници како доверлив иборен материјал за утврдување на изборните резултати и 8.330 примероци на Браејево писмо.
– Во единствениот избирачки список запишани се 1.832.415 избирачи, а во земјава има 3.480, но в недела ќе бидат отворени 3.474 избирачки места бидејќи во шест избирачки места нема население, односно нула гласачи, нагласи претседателот на ДИК, Борис Кондарко.
Најдолгото ливче е 500 милиметри или половина метар, информира Вангел Талевски, генерален директор на АД печатница „Киро Дандаро“-Битола.
- Доверливиот материјал го испечативме во рекордно време, два дена пред зададениот рок. Искуството од минатото ни овозможи овој предизвик успешно да го реализираме. Оваа година листите беа прилично долги, но материјалите ги подготвивме соодветно на барањата на ДИК и се заврши добро. Гласачките ливчиња се со двојна видлива и невидлива заштита и подготвени за успешни избори. Најдолгото ливче е 500 милиметри, потврди Талевски. Државната изборна комисија денеска од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња за локалните избори кои ќе се одржат в недела на 19 октомври, а најдолгото ливче е 500 милиметри или половина метар.
Во изјава за медиумите, претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко истакна дека седумнаесет тимови на ДИК заедно со обезбедување на МВР вршат непречена дистрибуција до сите изборни комисии во земјава.
– Согласно законските рокови и планот на ДИК денеска од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола, ДИК врши дистрибуција и примопредавање на целокупниот доверлив изборен материјал до сите 80 Општински изборни комисии (ОИК) и комисијата на Град Скопје. Доверливиот изборен материјал се состои во сите испечатени изводи на ибирачките списоци, испечатеани изводи на оригиналните обрасци записници за секое избирачко место и секоја ОИК, како и сите гласачки ливчиња. Седумнасет тимови на ДИК во текот на денов заедно со обезбедување на МВР ја вршат дистрибуцијата на материјалот. Испечатени се вкупно 4.613.438 гласачки ливчиња за цела држава, а тоа се ливчињата за градоначалници, советници, како и за гласачките ливчиња за Град Скопје, посебно за градоначалници и посебно за Совет на Град Скопје, посочи Кондарко.
Битолската печатница изработи 254.262 испечатени страници на избирачките списоци и посебните изводи на избирачките списоци, потоа 8.692 обрасци оригинални записници како доверлив иборен материјал за утврдување на изборните резултати и 8.330 примероци на Браејево писмо.
– Во единствениот избирачки список запишани се 1.832.415 избирачи, а во земјава има 3.480, но в недела ќе бидат отворени 3.474 избирачки места бидејќи во шест избирачки места нема население, односно нула гласачи, нагласи претседателот на ДИК, Борис Кондарко.
Најдолгото ливче е 500 милиметри или половина метар, информира Вангел Талевски, генерален директор на АД печатница „Киро Дандаро“-Битола.
- Доверливиот материјал го испечативме во рекордно време, два дена пред зададениот рок. Искуството од минатото ни овозможи овој предизвик успешно да го реализираме. Оваа година листите беа прилично долги, но материјалите ги подготвивме соодветно на барањата на ДИК и се заврши добро. Гласачките ливчиња се со двојна видлива и невидлива заштита и подготвени за успешни избори. Најдолгото ливче е 500 милиметри, потврди Талевски.
МИА
Ново на Сител
-
Путин го свика рускиот Совет за безбедност за да го информира за разговорот со Трамп
-
Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето
-
Жена во Карош со автомобил удрила во автомобилот на партнерот, па му ги дупнала гумите и физички го нападнала
-
Непознато лице од автомобил пукало кон дом во Ѓорче Петров, пронајдени две зрна и оштетување во домот
-
Закани и физички напад меѓу активисти на две партии додека делеле изборен материјал во Куманово
-
Во рок од два дена приведени 8 лица од Скопје откако кај нив е пронајдена дрога
-
Во дом за згрижување на деца во Скопје, малолетници имале сексуални односи пред 12-годишно дете од домот
-
МОН и УЈП ќе ја унапредуваат финансиската едукација во основните и средните училишта