Политико: ЕУ има пет години да се подготви за војна
Земјите од Европската Унија (ЕУ) имаат пет години да се подготват за војна, се наведува во воениот план што Европската комисија треба да го презентира денеска, а до кој порталот Политико имаше пристап
„До 2030 година, на Европа ѝ е потребен доволно силен европски одбранбен систем за веродостојно да ги одврати своите противници, како и да одговори на каква било агресија“, се наведува во нацрт-планот.
Планот требаше да го разгледаат министрите за одбрана доцна синоќа пред денеска да биде презентиран пред Колеџот на комесари.
Планот ќе им биде испратен на лидерите на ЕУ следната недела.
Планот за подготвеност за одбрана за 2030 година е знак за растечката улога на ЕУ во воените работи, реакција на војната на рускиот претседател Владимир Путин против Украина и нејасната посветеност на американскиот претседател Доналд Трамп кон европската безбедност, наведува бриселскиот портал.
„Милитаризирана Русија претставува постојана закана за европската безбедност во догледна иднина“, се наведува во документот, кој прв го објави Блумберг.
Иако земјите од ЕУ брзо ги зголемуваат своите буџети за одбрана, голем дел од тие трошоци „останува претежно национални, што доведува до фрагментација, инфлација на трошоците и недостаток на интероперабилност“, се наведува во документот од 16 страници.
Извршната власт на ЕУ ги охрабрува членките заедно да купуваат оружје и сака најмалку 40 проценти од купувањата на одбранбена опрема да бидат заеднички договори до крајот на 2027 година.
Планот за патната карта, исто така, поставува цели најмалку 55 проценти од купувањата на оружје да бидат од компании од ЕУ и Украина до 2028 година и најмалку 60 проценти до 2030 година.
Ново на Сител
-
Зеленски: Договорот за Газа е добар моментум за завршување на војната во Украина, ни треба мир
-
Трамп: Средба во Будимпешта само со САД и Русија, но ќе бидеме во контакт со Украина
-
МКС очекува апсење на Путин на пат кон Унгарија
-
71-годишна жена измамена со лажна сообраќајна несреќа за сума од 36.300 евра
-
Путин го свика рускиот Совет за безбедност за да го информира за разговорот со Трамп
-
Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето
-
Жена во Карош со автомобил удрила во автомобилот на партнерот, па му ги дупнала гумите и физички го нападнала
-
Непознато лице од автомобил пукало кон дом во Ѓорче Петров, пронајдени две зрна и оштетување во домот