Политико: Десничарските популисти на списокот гости за инаугурацијата на Трамп
– Листата на гости на Доналд Трамп за неговата инаугурација на 20 јануари, кога ја презема функцијата претседател на САД, се обликува како „Кој е кој“ листа на десничарски популисти во светот, објави Политико.
Американскиот портал наведува дека претседателската инаугурација обично е традиционален настан и демократски ритуал наменет за домашната публика, додека странските дипломати најчесто присуствуваат од учтивост, а државниците ретко присуствуваат на церемонијата.
Но, Трамп, кој е познат по тоа што не ја почитува традицијата, поканил многу од странските лидери со кои разговарал по телефон или лично бил домаќин во неговата резиденција на Флорида.
Меѓу првите поканети се Џорџа Мелони и претседателот на Аргентина, Хавиер Милеј.
Премиерката на Италија изјави дека ќе присуствува ако и дозволи распоредот, додека аргентинскиот претседател пред еден месец потврди присуство.
Поканет е и унгарскиот премиер Виктор Орбан, но тој нема да присуствува на инаугурацијата.
Трамп минатиот месец го покани и кинескиот лидер Си Џинпинг, што во Пекинг беше протолкувано како сигнал на „подготвеност за отворен дијалог“.
Според Политико поканата очигледно ја изненади Амбасадата на Кина, која сè уште не потврдила дали официјално ја примила поканата.
Присуство на инаугурацијата потврдија министрите за надворешни работи на Индија и на Јапонија, како и претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа.
На поканата сè уште не одговорил претседателот на Салвадор, Најиб Букеле, а поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро нема да отпатува за Вашингтон, бидејќи му е одземен пасошот поради истрага.
На церемонијата ќе присуствуваат и Илон Маск, Џеф Безос и Марк Цукерберг, како и францускиот милијардер и технолошки претприемач Ксавиер Нил.
На инаугурацијата од Велика Британија поканети се амбасадорката во САД, Карен Пирс, лидерот на десничарската Реформистичка партија и заговорникот на Брегзит, Најџел Фараж.
Додека од Франција ќе присуствуваат амбасадорот во Вашингтон, Лоран Били и еден од лидерите на ултрадесницата Ерик Земур и неговата партнерка, европската пратеничка Сара Кнофо.
Покана добила и лидерката на Алтернатива за Германија (АфД), Алиса Вајдел, лидерот на шпанската ултранационалистичка партија Вокс, Сантијаго Абаскал и лидерот на португалската десничарската популистичка партија Чега, Андре Вентура.
Политико наведува дека исто е интересна списокот на оние кои не се поканети на втората инаугурација на Трамп.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен не доби покана, но на церемонијата ќе присуствува и амбасадорот на ЕУ во Вашингтон.
Исто така не е поканета ниту трикратниот претседателски кандидат во Франција и лидерка на екстремната десница Марин Ле Пен, ниту нејзиниот политички наследник Џордан Бардела.
Ново на Сител
-
Почина познатиот режисер Дејвид Линч на 78-годишна возраст
-
Нападнат затвореник во Идризово
-
Николоски: За десетина дена пуштивме во сообраќај 42 километри нови експресни патишта
-
Додека се снимал за ТикТок врз цистерна доживеал струен удар 17-годишник во Кисела Вода
-
Во Скопје две лица се повредиле на работа и се пренесени на клиничкиот центар
-
Најмалку две лица убиени во училиште во Словачка
-
Политико: Десничарските популисти на списокот гости за инаугурацијата на Трамп
-
Началникот на Генералштабот на Армијата Лафчиски на Конференција на Воениот комитет на НАТО