Политичките партии заедно со кандидатите за градоначалници продолжуваат со предизборната кампања за локалните избори
Изборниот караван „Најдоброто за мојата општина“ предводен од СДСМ денеска е меѓу граѓаните на Чешиново-Облешево, Зрновци, Кочани и Арачиново, а Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во Македонски Брод, Сопиште, Аеродром и Гази Баба. ДУИ ќе ги продолжи изборните активности во Дебар, а „Левица“ во Богданци и Гевгелија. Изборните програми пред граѓаните ќе ги претстават и независните кандидати за градоначалници.
Митинзи и собири со граѓани се одржаа и вчера. Лидерите на партиите и кандидатите за градоначалници ветија европска иднина и решавање на локалните проблеми на граѓаните.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев во Радовиш најави од следната година поголема финансиска и институционална децентрализација на општините и повеќе пари во нивните буџети.

Тој во своето обраќање се осврна и на економските состојби, на растот на платите и пензиите и притоа истакна дека минималната плата до крајот на годината ќе изнесува 18.200 денари.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вчерашните митизи во Богданци и Гевгелија се осврна на проблемите со Бугарија, но не ја изостави и неприфатената оставка на министерот за здравство Венко Филипче.
– По Охридскиот договор, најважната и најприоритетна агенда е зелената агенда бидејќи ова е живот, затоа што ја обезбедува иднината, обезбедува просперитет, рече лидерот на ДУи Али Ахмети.
Изрази максимална поддршка за кандидатурата на Изаири, посочувајќи дека тој е еден од оние градоначалници кои реализирале најмногу проекти во Желино.
Кандидатот за градоначалник од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Вулнет Мурсели вчера одржа митинзи во населбите „Цетинска“ и „Гам Гам“ во Тетово. Во своето обраќање, тој се осврна на потребата како иден градоначалник да работи повеќе на прашањето со паркинг местата.
-Сообраќајот во Тетово ќе се одвива поинаку, доколку се зголемат капацитетите за паркирање. Лошо е што досега ниту еден градоначалник не презел иницијатива за да го спаси градот од урбаниот хаос. Планираме изградба на четири катни паркинзи- на влезот во градот кај Веро, кај судот односно просторот на ДТВ Партизан, во близина на комплекс Базар и до стариот градски стадион, потенцираше Мурсели.
Ново на Сител
-
Определен притвор за четворица осомничени за пукањето во Тетово
-
Бела куќа: Трамп и Путин ќе имаат состанок в петок во Енкориџ
-
Свечена седница по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор
-
Ангелов: Борбата со пожарот во ловиштето Јасен продолжува, успешно изгасната една линија, теренот останува критичен
-
Го живеам мојот сон, сакам да ме паметат по дела | Орце Ѓоргиевски | Неформално | Sitel Podcast 108
-
ЦУК: Активни пожари во Јасен, Свиларе, Радуша и уште четири локации
-
Студентската листа е 99 отсто завршена, во неа нема опозиција ниту влада, тврдат српските студенти во блокада
-
Израел тврди дека нема масовна глад во Газа