Политички реакции за посетата на Ципрас на Скопје

Актуелниот амбасадор на САД во Грција, Џефри Пајат и поранешниот шеф на грчката дипломатија Никос Коѕијас, преку нивните официјални Твитер профили ја коментираа вчерашната посета на Алексис Ципрас на Скопје.
-Историски ден во Скопје пред 70 годишнината на НАТО. Заедно посилни, напиша американскиот амбасадор на неговиот официјален Твитер профил.

-Горд сум за вториот дел од договорот, што ги предвидува соработките што започнаа. Кога го ставив во првиот нацрт на договорот, слушнав забелешки и од двете страни. Но, на крајот сите беа убедени. Сега ги живееме почетоците на патувањето на спроведување. Среќен, напиша Никос Коѕијас на Твитер.
Наспроти позитивните реакции во грчките медиуми, опозициските партии во Грција негативно ја коментираа посетата на Ципрас на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.
-Штетниот Договор од Преспа веќе е оценет во свеста на Грците. Ова не може да го смени никаков комуникациски обид за негово разубавување од страна на господинот Ципрас. Ова ќе го сфати за само 54 дена, на изборите на 26 мај или порано, ако распише национални избори, соопштуваат од Нова демократија.

Пратеникот задолжен за надворешна политика од најголемата грчка опозициска партија, Јоргос Кумуцакос, преку неговиот официјален Твитер профил, посетата на Ципрас ја поврза со грчкото вето во Букурешт во 2008, поради поклопените датуми.
-Од кога еден договор што отстапува јазик и идентитет е патриотски? Познато е дека господинот Ципрас го извртува значењето на зборовите, но денес претера, изјави Павлос Христидис, портпаролот на Движење на промена.
Со негативен коментар излезе и Комунистичката партија на Грција, додека пак партијата Река, во соопштението позитивно ги оценува и посетата и потпишаните договори.
Ново на Сител
-

Трамп: Американските сили ќе се повлечат од Иран „многу брзо“
-

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење наредната недела на Влада, синхоринизирани сме со сите институции
-

Сиљановска Давкова и Милатовиќ: Македонија отсекогаш имала реформски капацитети, потребна е политичка волја во ЕУ за забрзување на процесот на проширување
-

Средба на Мицкоски со Милатовиќ: Продолжуваме да градиме мостови на пријателство, стабилност и заеднички напредок
-

Малолетничка нападната од две други девојчиња во парк во Ѓорче Петров
-

Мартин Саздов започнал љубовна врска со Ивана, Стојанче се заканувал дека ќе објави експлицитни видеа
-

Мицкоски: Јавноста очекува одговори како беа „оживеани“ предметите на СЈО, за 27 април, за модуларната болница во Тетово
-

Облачно и студено до недела, ветер и до 70 километри на час
