-->
-->
Политичарка се соблече гола откако ја обвинија за манипулација со патни трошоци
-->
Политиката навистина не мора да биде досадна и напорна. Потврда за тоа е случајот од Шпанија, каде една политичарка се сликаше гола во обид да ја врати довербата од народот.
Кармен Лопез од партијата Циудаданос се соблече за насловната страница на магазинот „Интервју“. Таа потврди дека е лажно обвинета за земање пари за патни трошоци на релација Чикаго - Севиља.
-Раководството на партијата го известив дека ќе се преселам од Севиља во Чикаго зошто таму мојот сопруг доби работа како професор. Побарав состаноците да ги одржуваме преку видео повик што би било бесплатно, но колегите одбија и ме натераа да патувам. Кога изби скандалот, побараа да поднесам оставка. Замката е поставена, а јас паднав директно во неа, рече секси политичарката.
Кармен не е прва меѓу политичарките во Шпанија што се одлучи на разголени фотографии. Пред неа основачот на партијата “Ciudadanos” Алберт Ривера исто така се соблече во кампањата за парламентарните избори 2006 година. Година дена пред тоа Јоланда Морин на билбордите се појави целосно гола за да укаже на важноста на транспарентноста во политиката.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тројца загинати и двајца повредени е црниот биланс на сообраќајната несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Воведни обраќања на денешното судење за Онкологија
-
Чудно е како во претпријатијата каде раководи ДУИ се распламтуваат пожари, вели Мицкоски за пожарот во Дрисла
-
Скадналот со прислушкувањето во фокус на опозициските прашања во Собранието
-
ВМРО-ДПМНЕ во коалиција со 25 партии на претстојните избори
-
Хотелите ги отвораат вратите за пензионерите
-
Започна конкурсот за упис на бруцоши во Државниот студенстки дом во Штип