Политичарка од Белгија по грешка ги објавила цените на вакцините против Ковид-19
По грешка ценовникот протече во Белгија. Државната секретарка за финансии во Белгија Ева Де Блекер на Твитер по грешка го објави ценовникот. Тоа веднаш го пренел најтиражниот белгијски весник Het Laatste Nieuws. Иако твитот брзо бил избришан весникот направил скриншот во кој се гледаат цените.
Европската комисија одбива да даде информации за цените на вакцините против ковид-19 кои ги нарачува во името на државите членки. Иако граѓанските организации бараат транспарентност, бидејќи вакцината се плаќа со парите на даночните обврзници, од Комисијата одбивале да ги кажат цените со образложение дека тоа е тајна, бидејќи станува збор за комерцијални договори.
По грешка ценовникот протече во Белгија. Државната секретарка за финансии во Белгија Ева Де Блекер на Твитер по грешка го објави ценовникот. Тоа веднаш го пренел најтиражниот белгијски весник Het Laatste Nieuws. Иако твитот брзо бил избришан весникот направил скриншот во кој се гледаат цените.
Така вакцините кои ги договори ЕК ќе ги плаќа од 1,78 до 18 евра по доза.
Првата вакцина од произведувачот БионТек/Фајзер ЕУ ја договорила поцена од 12 евра по доза. Бидејќи ќе требаат две дози по лице, вакцинирањето на еден граѓанин со оваа вакцина ќе чини 24 евра.
Најевтина вакцина е таа која заеднички ја произведоа Оксфордскиот универзитет и компанијата АстраЗенека. Вакцината ќе чини само 1,78 евра по доза. Произведувачите на таа вакцина се обврзале дека нема да заработуваат на вакцината.
Ценовник:
Оксфорд/АстраЗенека: 1.78 евра
Џонсон & Џонсон: 8.50 долари
Санофи/ГСК: 7.56 евра
БионТек/Фајзер: 12 евра
CureVac: 10 евра
Модерна: 18 евра
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024