Полицска контрола на автобуси и комбиња во Полошко

Полицијата во Тетово исклучила од сообраќај 10 од 19 контролирани автобуси поради констатирани неправилности при вчерашна спроведена контрола, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Целата на контролите, како што рече, биле техничката исправност, односно неисправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници пред се автобуси и такси комбиња.
- Четири од контролираните автобуси имале неисправни сопирачки и веднаш се исклучени од сообраќај, а кај шест автобуси откриена е истечена регистрација. На 10-те прекршители изготвени им се соодветни налози и ќе се соочат со глоби, кои зависно од видот на прекршокот се движат од 400 до 500 евра во денарска противвредност. Покрај ова откриени се уште 18 други видови прекршоци од возила кои не вршеле јавен превоз, рече Јосифовски.
Слична контрола била спроведена и на гостиварското подрачје и со неа биле опфатени 21 возило. Од нив 15 возила биле упатени на вонреден технички преглед, на кој три не се јавиле.
- При прегледот кај три возила утврдена е техничка неисправност на сопирачките, додека две возила сообраќале со истечена регистрација. Констатираните прекршоци заокружени се со осум прекршочни налози и со пет исклучени возила. На гостиварското подрачје биле регистрирани и три други видови прекршоци, изјави Јосифовски.
Тој посочи дека целта на вчерашната акциска контрола спроведена во Полошко е навреме да се откријат и отстранат од сообраќај технички неисправните возила кои претставуваат дел од јавниот превоз во Полог во пресрет на започнувањето на новата учебна година.
Ново на Сител
-

Зеленски: Американскиот документ за безбедносни гаранции за Украина е подготвен
-

СВР Битола поднесе кривична пријава за измама со лажна сообраќајна несреќа
-

Повеќе од 700.000 домови без струја поради снежно невреме во САД
-

Mалолетник со возило удрил во друго возило и пешак кој се бори за живот
-

ССМ со протест бара зголемување на работничките плати од најмалку 6.000 денари и минималец од 600 евра
-

Премиерот Рама и порача на албанската опозиција: Државата не потклекнува пред насилството и вандализмот
-

Ѓоковиќ без борба четвртфиналист на Австралија опен
-

Мицотакис: Европа мора да биде обединета, да ги брани меѓународното право и суверенитетот на земјите-членки
