Полициските специјалци го одбележаа Денот на ЕСЗ „Тигар“
Вчера Единицата за Специјални Задачи го одбележа Денот на Единицата-36-годишнината од формирањето. Во рамки на одбележување на Денот на ЕСЗ „Тигар“ беа организирани повеќе манифестации и активност во периодот од 10 до 12 март 2017 година.
На 10.03.2017 година во Единицата беше спроведена крводарителска акција на која крв даруваа 36 припадници на ЕСЗ. На 10-ти март беше положено и цвеќе на споменикот на загинатите припадници на единицата, а командантот Славчо Петрушевски имаше обраќање пред припадниците. Истиот ден на повеќе припадници на единицата им беа доделени јубилејни плакети за 10, 15, 20 и 25 години служба во ЕСЗ.
На 11-ти март беа посетени семејствата на загинатите припадници на ЕСЗ, а беше положено цвеќе на гробовите на загинатите припадници на специјалната единица.
На 12-ти март 2017 година имаше отворен ден во Единицата за семејствата на припадниците, преставниците на МВР, пријателите и соработниците на Единицата. На отворениот ден за посетителите беше организирана изложба на возила, средства и опрема, како и забавна програма за децата на припадниците.
Ново на Сител
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје
-
Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија
-
За брзо возење 286 санкции на територија на цела држава