Полицискиот час продолжува од 16 до 5 часот, за празничниот викенд можеби построги мерки за движење
По 61-часовен полициски час во целата држава викендов и ограничено движење освен за категориите граѓани со право на дозвола, утрово повторно има раздвиженост на луѓе и сообраќај по улиците. Полицискиот час од денеска продолжува како во работните денови во изминатата седмица – од 16 часот попладне до 5 наутро.
За претстојниот Велигден се размислува движењето во празничниот викенд да биде ограничено дополнително со уште еден ден, најверојатно понеделникот, односно забраната да важи од петок попладне до вторник наутро. Тоа вчера го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека овој предлог ќе се разгледува денеска на седница на Владата.
Во сила е забраната за групирање на повеќе од две лица, освен за родители со деца до 14 години. На повозрасните од 67 години дозволено им е да излезат надвор од домот од 10 до 12 часот, а на младите до 18 години – од 13 до 15 часот. Сопствениците на кучиња може да ги изнесат надвор половина час, од 20 до 20.30, и притоа да не бидат подалеку од 100 метри од објектот во кој живеат.
Движењето за време на полициски час им е дозволено само на категории граѓани кои имаат работни обврски и поседуваат дозволи што ги издава Министерството за информатичко општество и администрација. За барање за дозвола може да се аплицира на порталот uslugi.gov.mk.
Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ претпладнево продолжија да сообраќаат со двократно работно време – од 5 до 9 часот и од 13 до 16 часот.
Распоредот е по саботен возен ред, а кога се првите и последните поаѓања на автобусите на ЈСП е појаснето на веб-страницата на претпријатието.
Ново на Сител
-
Алиу донесе решение за разрешување на директорот на Клиниката за неврологија, Кузмановски
-
Меџити: Нема да има предвремени парламентарни избори
-
Путин: Ако има добра волја, Русија и САД можат да го продолжат Договорот Нов СТАРТ
-
За моето семејство напаѓам како лав | Роберт Спасенцовски - Џокер | Sitel Podcast 117
-
Николоски: На 19-ти да гласаме, од 20-ти да работиме, време е за промена и во Валандово
-
Мицкоски: Трилингот СДС-ДУИ-Левица се обидува да ја врати Македонија назад, ВМРО-ДПМНЕ се што ветува реализира
-
Мачадо: Нобеловата награда за мир е „огромно признание за борбата за сите Венецуелци“
-
Крадел производи поставени пред маркет и нападнал вработена - приведен кавадарчанец