Полициската станица во Ѓорче Петров готова до крајот на годинава
Интензивно се гради новата полициска станица во општината Ѓорче Петров. Предвидено е градежните работи да завршат до крајот на годинава.
- Полициската станица ќе располага со сутерен и три ката или вкупно 855 метри квадратни корисна површина. Пред објектот се планирани и неколку паркинг места, а просторт околу зградата ќе биде хортикултурно уреден, информира општина Ѓорче Петров.
За противпожарната станица ќе се обезбедат 615 метри квадратни. Со тоа, како што се наведува во соопштението, во целост ќе се задоволат потребите на единицата која сега работи во несоодветни услови и има на располагање само 124 метри квадратни.
Старата зграда која ја користат пожарникарите е изградена во 1936 година, а бараките во кои сега функционира полициската станица се изградени во 1963 година.
Ново на Сител
-
Депонии покрај Треска – секој фрла ѓубре каде ќе му текне: Како до решение?
-
Бојкотот на маркетите – аларм за трговците и власта
-
Советниците на Град Скопје пак не дозволија да се набават нови автобуси за ЈСП
-
Грипот во пораст – Комисијата за заразни болести ја следи состојбата
-
Седница за пратенички прашања во Собранието
-
Опозицијата иницира надзорна расправа за решавање на проблемот со загадениот воздух
-
Граѓаните се повеќе пријавуваат лекари кои им побарале мито
-
Потребни се итни мерки за заштита на охридскиот регион