Полициска контрола во Прилеп: Носеле марихуана и снимале полицајци
Патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп во текот на минатата вечер спроведоа контроли на лица, патнички возила и угостителски објекти на подрачјето на Прилеп, при што привеле две лица поради поседување марихуана, односно неовластено снимање.
– При контролите, од слобода биле лишени Ј.Г. (25) и В.Ј. (41), двајцата од Прилеп, затоа што кај Ј.Г. била пронајдена марихуана, а В.Ј. неовластено ги снимал полициските службеници. За случаите бил известен Јавен обвинител, а лицата биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информира МВР.
За време на контролите во угостителски објекти реализирани во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи, било утврдено дека вработени во еден објект немаат потребна документација, не биле издавани фискални сметки, не бил пријавен промет и немало документација за локалот.
– Констатираните неправилности ќе бидат соодветно санкционирани, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-

Извештајот на ЕК пред собраниските комисии
-

Мицкоски: Јавноста ќе дознае многу детали – почнува судењето за „Пулс“
-

ДУИ: На конгрес промени во раководството
-

Ден на Уставот
-

Ревитализација на шумскиот фонд поради пожарите
-

Ден на предвремено родени бебиња
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
