Полициска акција во Прилеп: Приведено лице, непријавени работеле во ресторан кој немал документација за работа
На 21.07.2022 од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица, патнички возила и угостителски објекти на подрачјето на Прилеп.
За време на контролите во угостителски и хотелски објекти, реализирани во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи е утврдено точење на алкохол на малолетни лица, непоседување на документација за работа на еден угостителски објект, во кој се затекнати четири лица како извршуваат работни задачи, а за кои не постои документација дека се вработени. Констатираните неправилности ќе бидат соодветно санкционирани.
При контролите, по преземени дополнителни мерки, лишен од слобода е и Н.Д.(36) од Скопје, кој се сомничи за повеќе извршени кривични дела. За случајот е известен Јавен обвинител, а лицето е приведено во полициска станица за понатамошна постапка, по чие документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-
Тошковски: 24 години ЕБР- врвна професионална единица која секогаш и секаде ја чува Македонија
-
Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“
-
Емине Ердоган ја повика Меланија Трамп да изрази сочувство и за децата во Појасот Газа
-
Најмалку 25 луѓе загинаа при израелските напади врз Појасот Газа
-
Македонските кошаркарки поразени од Бугарија на кадетското ЕП
-
Министерството за правда на САД објави сведоштва на партнерката на Епстајн, но не и списокот на клиенти
-
Популацијата во Грција се намалила за околу 500 илјади лица во периодот 2011-2024 година
-
Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите