Полицијата заплени 30 килограми марихуана во село во Кичевско
Триесет килограми марихуана се пронајдени вчера при полициски претрес во домовите на две лица во селото Аранѓел, во Кичевско.
Припадници на кичевската полиција, криминалистичката полиција од Охрид и од Единицата за недозволена трговија со дрога по претходно добиени оперативни сознанија извршиле претрес во домовите на лицата А.А. (45) и Е.А.(47).
Во приземните простории на куќата сопственост на А.А. биле пронајдени три најлонски кеси во кои имало три големи пакувања - црни најлонски вреќи завиткани со селотејп трака, додека во спалната соба во куќата на Е.А. била пронајдена една црна најлонска кеса полна со зелена растителна материја.
Пронајдените предмети биле одземени и предадени на вештачење во МВР во Скопје, а двете лица се приведени.
По целосно документирање на случајот, против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Ново на Сител
-
Бишев: Владата ги носи економските политики
-
Петрова: Даноците се собираат според планот
-
О2: Владата да забрани увоз на автомобили постари од 10 години
-
Јавниот линиски превоз во Штип, успешна приказна
-
Преглед на вестите од свет
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет