Полицијата во Мелбурн со гумени куршуми за растерување на антиваксерите
– Полицијата во Мелбурн употреби спреј и гумени куршуми за растерување на демонстрантите кои се противат на задолжителната вакцинација против коронавирус за градежните работници.
Протестот е насочен против прописите на Владата на сојузната држава Викторија, чиј главен град е Мелбурн, инаку втор по големина во Австралија, според кои сите градежни работници треба да бидат вакцинирани.
„Најмалку тројца полицајци се повредени, а повеќе од 40 лица се приведени“, изјави началникот на полицијата во Викторија.
За време на протестот беа распоредени околу 500 полицајци, а неколку новинари беа нападнати.
Повеќе од илјада демонстранти во работни униформи маршираа во центарот на Мелбурн, фрлајќи светлосни ракети и шишиња.
Неколку часа противниците на задолжителната вакцинација се спротивставуваа на повиците на полицијата да се разотидат.
Ова се втори демонстрации од ист тип за два дена, првите беа на стотици работници во понеделникот кога беа скршени излозите во центарот на Мелбурн.
Мелбурн веќе седум недели се наоѓа во строг карантин во обид да се спречи брзото ширење на Делта сојот на коронавирусот. Сепак, жаришта на заразата се забележани на градилиштата каде што почитувањето на мерките не е задоволително, наведуваат властите.
Тие синоќа објавија дека градежната индустрија од денеска ќе биде затворена две недели во Мелбурн и некои регионални области.
Притоа, посочија дека сите работници ќе мора да ги исполнат здравствените барања пред повторно отворање и да примаат барем една доза од вакцината пред да се вратат на работа на 5 октомври.
– Бевме јасни, ако не ги почитувате прописите, нема да се двоумиме да преземеме мерки, рече министерот за индустриски односи на Викторија, Тим Палас, објавувајќи ја одлуката на властите за затворање на градилиштата.
Државата Викторија регистрираше 603 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа.
Ново на Сител
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот
-
Министерството за правда и експерти ќе бараат решение за учество на независни кандидати на изборите наесен
-
ДКСК утре ќе му одговори на Собранието дали смее да бира претседател на Антикорупциска
-
Полицијата ја врати разрешената директорка од Демир Хисар од информативен разговор, не ја викнале денес
-
Мицкоски е подготвен да плати „политичка цена“ со непопулистички мерки против поскапувањето на храната
-
Македонија има визија за Вештачка интелигенција, но само декларативно