Полицијата во еден ден открила 17 технички неисправни возила кои вршат јавен превоз низ гостиварско

Седумнаесет возила кои вршат јавен превоз низ гостиварскиот регион имале неисправни сопирачки, истечена регистрација и други недостатоци.
Во последната акциска контрола, полициски службеници на СВР Тетово вчера од 10 до 16 часот правеле проверка за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници, претежно комбиња и автобуси.
– При контролата откриени се и законски санкционирани се 17 технички неисправни возила, најмногу со неисправни сопирачки. Покрај ова, 5 возила имале истечена регистрација, исто толку биле со неизвршен технички преглед и други недостатоци. Десет, од технички неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај, изјави Марјан Јосифоски портпаролот на СВР Тетово.
На сите прекршители им се изготвени соодветни поднесоци и ќе се соочат со парични глоби, кои за овој вид прекршок се движат од 45 до 400 евра во денарска противвредност.
Во вчерашната контрола откриени се и 4 други видови прекршоци.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
