Македонија
13. January 2022 - 9:24

Полицијата вчера казнила 142 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 142 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15 санкции, 10 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 12 санкции за возење повеќе од дозволената брзина.

Изречени се 17 мерки за користење мобилен телефон, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 38 за непрописно паркирање.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.