Полицијата уапси повеќе дилери на дрога во Скопје - одземени марихуана и прашкаста материја
На 10.11.2022 во 00.00 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Г.(22) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и грутчеста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Исто така во 01.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.К.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера во 23.10 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош го лишиле од слобода К.Ј.(26) од Крива Паланка затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Aлкараз повторно e прв светски рекет
-

Анкета: Младите во Македонија поделени околу европската перспектива на земјата
-

Најмногу дожд во Струмица, 42 литра на метар квадратен
-

Девизните резерви во октомври зголемени за 120,5 милиони евра
-

Отворени денови на Институтот за македонски јазик
-

Свечена заклетва на 29-та класа на питомци/студенти и слушатели од Курсот за офицери и штабни службеници
-

Повторно забележани дронови над Белгија
-

УНХЦР: Климатските промени предизвикаа раселување на милиони луѓе
