Полицијата уапси опасен криминалец баран за дело „убиство“, избодел момче во Студеничани
Полицијата денеска приведе опасен криминаалец, Муса Џавит од Батинци кој пред месец дена избоде момче во Студеничани.
По преземени опсежни мерки и активности на оперативниот тим за потраги при СВР Скопје, лицето е лоцирано и во координирана акција со повеќе тимови од интервентната полиција буквално направиле опсада на Батинци и го уапсиле криминалецот иако се обидел да бега скокајќи од втори кат на куќа.
Како што соопшти полицијата, денеска во 14:30 часот полициски службеници од Оперативен им Потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција-СВР Скопје во скопското село Батинци ги приведоа М.Џ. (21) и Р.Р. (24) од Батинци. М.Џ. бил баран со потерница во врска со чл.123 (убиство) од КЗ на РМ. Кога ги забележале полициските службеници, М.Џ. и Р.Р. се обиделе да избегаат скокајќи од втор кат на куќа, каде биле лоцирани, но веднаш биле лишени од слобода.
При преглед кај М.Џ. е пронајден пиштол со рамка и девет куршуми, како и поголема количина пари, а кај Р.Р. пронајдени се 27 куршуми. Лицата се приведени во полициска станица.
Неодамна полицијата уапси уште еден опасен криминалец од ова село познат како Мали Репки, инаку ортак на Муса.
Ново на Сител
-
Приведен 30-годишник, возел со 125 километри на час на место каде е дозволено 50
-
Собранието почнува со редовни активности по одморот на пратениците
-
Северна Кореја тестираше нови ракети
-
На граничните премини се чека до 15 минути за влез и излез од државава
-
Палестински очевидци тврдат дека израелски војници се забележани во градот Газа
-
Украински дрон предизвика пожар во руската нуклеарна електрана Курск
-
Зеленски: За неколку дена ќе бидат подготвени безбедносните гаранции за Украина
-
Сончево со мала до умерена локална облачност