-->
-->
Полицијата уапси лица кои поседувале марихуана
-->
Вчера во 10.30 часот, врз основа на наредба на Основен суд Струмица, полициски службеници од СВР Струмица извршиле претрес во домот на И.К.(24) од с.Моноспитово, струмичко, при што биле пронајдени марихуана, 33 патрони за ловна пушка и кутија со барут за ловна муниција. Тој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.07.2020 околу 18.00 часот во тетовско Боговиње, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Л.З.(32) и Ф.И.(42) од ова село, затоа што при нивен и преглед на возилото „фолксваген голф 3“, со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена марихуана. Двајцата биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден