Полицијата трага по штитеничка од „Ранка Милановиќ“ и две малолетнички
Три лица лица меѓу кои 19-годишна штитеничка на Јавната установа „Ранка Милановиќ" во Гази Баба, и две малолетнички на возраст од 16 и 17 години од Чаир се оддалечиле во непознат правец, а случаите се пријавени во полиција.
МВР информира дека случајот со штитеничката С.Р. (19) синоќа во Полициската станица Гази Баба го пријавил социјален работник кој рекол дека таа на 10 февруари самоволно ја напуштила установата и се оддалечила во непознат правец.
Случајот со 16-годишната малолетничка по полноќ во Полициската станица Чаир го пријавил С.С.(49). Исчезнувањето на 17-годишната малолетничка во Полициската станица Чаир вчера го пријавила нејзината роднина А.Д. (48) која рекла дека таа го напуштила домот на 16 февруари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на трите лица.
Ново на Сител
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата