Полицијата трага по напаѓачот кој рани две лица во Арачиново
Полицијата трага по напаѓачот кој рани две лица среде бел ден. Неофицјално првични сомнежи за вооружениот напад врз градоначалникот на Арачиново се поврзани со стара расправија со семејство од селото. Во нападот се ранети возачот на Ридван Ибраими и еден од вработените во општината.
Очевидци раскажаа дека брзата реакција на лице кое во моментот на инцидентот било до градоначалникот кога почнале рафалните истрели му го спасила животот. Возачот на градоначалникот, Адвин Ајдини е веднаш префрлен на Ургентниот центар со прострелни рани во градите и таму му е извршена итна операција. Тешко повредениот Ајдини е на 21-годишна возраст и ќе го преживее нападот, информираат од клиниката.
Обвинителството издаде наредби, а МВР вчера го чешлаше теренот. Се прегледуваа и безбедносните камери за да се фати пукачот од Арачаиново. Од тоа што е јавно познато е дека Ибраими има еден познат непријател, а тоа се членови на семејството Ајвази. Тие се членови на семејството на првиот човек на огранокот на ДУИ и поранешен градоначалник на општина Арачиново, Брахим Ајвази.
Ново на Сител
-
САД воведуваат казнени царини за мали пратки од Кина
-
Венс: Војната во Украина нема брзо да заврши
-
Без струја делови од Центар, Ѓорче Петров и Горно и Долно Лисиче
-
Честитка од рускиот патријарх Кирил до архиепископот Охридски и Македонски Стефан
-
МЕРМС: Значителен раст во енергетскиот сектор во март 2025 година
-
Мицкоски и Перински во посета на Кавадарци во рамки на проектот „Каде што срцето е дома“
-
Бела куќа: Фондот со Украина ја покажува посветеноста на САД
-
Руски медиуми: Рубио ќе присуствува на воената парада во Москва