Полицијата со детали околу убиството на Дилавер Бојку
Секторот за внатрешни работи од Охрид денеска соопшти детали околу синоќешниот оружен инцидент во Струга, кога беше убиен Дилавер Бојку (55) од струшкото село Велешта.
Според полицијата, убиството било извршено вчера во 16:30 часот во неговиот ресторан „Аква блу“ во Струга. Притоа со повреди од огненострелно оружје се здобил Бојку, кој во бесвесна состојба бил пренесен на хируршкото одделение на Општата болница во Струга, каде по неуспешна реанимација била констатирана смрт.
На место на настанот е извршен криминалистичко-технички увид предводен од Јавен обвинител при Основното јавно обвинителство Струга во содејство со полициски екипи. Притоа, констатирано е дека казненото дело е сторено на терасата од ресторантот „Аква блу“ каде седел убиениот Бојку.
Според полицијата, во негова непосредна близина се приближило засега непознато машко лице кое, во правец на главата му вперил пиштол и испукал еден проектил нанесувајќи му огнострелни повреди во пределот на темпоралната регија од левата и десната страна. Потоа напаѓачот со трчање го напуштил ресторанот бегајќи кон улица „Партизанска“. Со цел да го фатат и задржат сторителот, по него се упатиле две лица, но се откажале од намерата откако напаѓачот се завртел и кон нив испукал два проектили.
СВР - Охрид и полициската станица во Струга преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на сторителот на казненото дело „убиство“.
По наредба на јавен обвинител врз телото на убиениот ќе биде извршена обдукција.
Ново на Сител
-
Парламентарни избори 2024
-
Пендаровски и Силјановска секојдневно на терен
-
Судски совет не ги утврди листите за избор на двајца нови членови на советот
-
Студентите на Штипскиот универзитет се едуцираат како да стартуваат сопствен бизнис
-
Преглед на вестите од светот
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот