Полицијата привела тројца гостиварци, правеле гласна забава и навредувале полицајци
Тројца гостиварци синоќа биле лишени од слобода и задржани во полициска станица, откако не ја прекинале бучната забава и навредувале полицајци.
Од СВР Тетово информираат дека синоќа (9 април) околу 20 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Д. Н. (34) од Гостивар. Тој е осомничен дека сторил кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Со него приведени се и И.М.(35) и С.Т.(36) исто така, од Гостивар, поради сомнение за „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ и за „неовластено снимање“.
На нивното лишување му претходела пријавена поплака за нарушување на јавниот ред и мир на улица „Мара Угринова“ во Гостивар, по што биле преземени соодветни службени дејствија од полициските службеници.
Тројцата гостиварци задржани се во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени поднесоци.
Ново на Сител
-
Над 100 лица уапсени во септември поради поседување на дрога
-
Министерство за образование на Србија: МВР изврши проверки во дел од училиштата, дојавите за бомби се лажни
-
79-годишен дедо од Велес е прво лице во земјава кое ќе издржува куќен затвор со електронска алка
-
Дожд, снег и ниски утрински темеператури
-
Кривична за членка на Судски совет - за патни трошоци го оштетила буџетот во износ од 291.040 денари
-
Претреси во Ѓорче, пронајдена поголема количина кокаин и марихуана
-
Приведен крадец од Тетово
-
Пронајдени оружје и муниција при претрес во Кичево