Полицијата откри 12 мигранти кај Смоквица и во Скопје
Дванаесет мигранти од кои шест од Авганистан и еден од Шри Ланка вчера биле откриени во возило со скопски регистарски ознаки на клучката во село Смоквица, а пет на меѓуградската автобуска станица во Скопје.
Како што е наведено во полицискиот билтен, синоќа во 20:30 часот на клучката во село Смоквица полициски службеници запреле патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(45) од с.Арачиново, скопско.
Притоа, во возилото биле затекнати седум мигранти, од кои шест од Авганистан и еден од Шри Ланка. Н.Р. бил приведен и предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На меѓуградската автобуска станица во Скопје вчера во 13:00 часот биле забележани пет мигранти кои допатувале со автобус од Куманово. По пристигнувањето, тие влегле во такси возило, но набргу било пресретнато, по што возачот и патниците биле задржани во Полициската станица Карпош.
Со лицата бил извршен разговор, по што биле предадени во Прифатниот центар за странци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Балистите скандираа “Голема Албанија”, функционерите не ги осудија
-
Ќе се подобрат ли условите во болницата во Бардовци по фаталната тепачка?
-
Гаши ќе ги распише изборите петок или сабота, очекува фер и демократска атмосфера
-
МНР без предлог за амбасадор во Атина, во моментов 24 амбасадорски места се празни
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да даде оставка
-
СДСМ: Младите спасот го гледаат надвор
-
Формално образование и за децата кои се на подолго болничко лекување – повеќе нема да губат настава
-
364 лица во 13 градови во државата се обучуваат да станат пожарникари