Полицијата го смируваше обвинетиот во „Диво Насеље": „Преведувај убаво мајмунке една"
Вчера под силно полициско обезбедување продолжи судењето за „Диво Насеље". Во текот на рочиштето имаше опомени од судијката до обвинетите и адвокатите, а целото рочиште заврши со навреди од обвинетиот Валдет Зекај кон овластената судска преведувачка од албански на македонски јазик која згрешила презиме. На преводот почнаа да реагираат обвинетите, а обвинетиот Валдет Зекај стана и се обрати: "Преведувај како што треба, а не како што ти кажеле да преведуваш. Мајмунке една".
Насуф Бекири пред Судот рече дека во Македонија бил повикан за голема Албанија, а не за Охридскиот рамковен договор, признавајќи дека учествувал во нападот на полициската станица и во Дивата населба. Пед Судот кажа дека слушнал пукотници и излегол во дворот и, како што кажа, почнало да се војува.
Во немирите загинаа осум припадници на специјалните полициски единици, а имаше 37 повредени. По борбите на полицијата ѝ се предадоа 28 терористи.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево