Полицијата ги објави сите снимки од движењето на исчезнатиот Матеј | ВИДЕО
Српското Министерство за внатрешни работи апелира медиумите да се воздржат од објавување на неточни и непроверени видео снимки на кои се инсинуираат настани во врска со исчезнатиот Матеј Периш
„Полициските службеници прегледаа стотици часа материјал, снимки од сите надзорни камери од трасата на движење на Периш и околината и на основа на нив направија реконструкција на неговото движење, од моментот на излегување од правец на салата Бетон во 1 часот и 43 минути, до моментот на слегување во Сава, во 1 часот и 52 минути по полноќ, откако му се губи секоја трага“, се наведува во соопштението.
Врз основа на прегледот на сите снимки, јасно е дека Матеј, откако излегол од салата Бетон, не бил во контакт или интеракција со ниту едно лице, освен со таксистот кога застанал и со кого полицијата извршила разговор.
„Потенцираме дека во досегашната истрага полицијата извршила разговор со пријателите на Матеј кои вечерта биле со него, персоналот на клубот, сите сведоци и дека врз основа на сите изјави, секоја можност дека на неговото исчезнување му претходел конфликт или тепачка беше исклучена“, тврди српското МВР.
Ново на Сител
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд
-
Пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот во Штип