Полицијата апсеше во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар и Пробиштип
Полицијата вчера апсеше во Скопје, Куманово, Пробиштип, Тетово, Гостивар откако на дело фати неколку лица со дрога.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против 22-годишниот Ј.З.од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На магистралниот пат Лојане-Стража полициски службеници извршиле преглед на моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.И., во кое како совозач бил Ј.З., при што кај него била пронајдена и одземена марихуана, а исто така од слобода биле лишени Ф.Д.(38) од селото Волково, скопско и 43-годишниот Г.Ѓ. од Скопје поради тоа што при претрес во домот и други простории на Ф.Д. во Волково каде бил затекнат и Г.Ѓ., извршен во периодот од 05.00 до 06.45 часот врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Скопје пронашле и одзеле марихуана.
МВР информира дека полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 33-годишиот Д.Б. од селото Булачани затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Гази Баба и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, а апсење имало и во Пробиштип каде бил фатен 31-годишниот Д.К. од Пробиштип, со марихуана во домот.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 34-годишниот Р.В. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На локалниот пат од Тетово кон село Требош полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин, а исто така полицијата во Гостивар му ставила лисици на рацете на 27-годишниот Ш.Ф. од село Чегране, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори“, откако го фатиле со марихуана.
Против сите ќе биде поднесен соодветен подесок.
Ново на Сител
-
Полицијата истражува дали пожарот во Дрисла е подметнат
-
Тема на денот со Ана Каранфилова Мазневска, раководител на сектор за отпад во МЖСПП
-
Дрисла чади 4 ден, надлежните утре влегуваат со нова механизација
-
Партиите ги финализираат списоците со кандидати за градоначалници и советници - утре на полноќ истекува рокот за поднесување
-
Предизборни пратенички прашања: АНБ, провокации за името, партиски трансакции
-
Онкологија 2: Нино Васев и Ненад Нухи не чувствуваат вина за кривичните дела за кои ги товари обвинителството
-
ОЈО - Штип со детали за тешката сообраќајна несреќа со кобни последици
-
Со зголемени казни пониски цени - Владата најави измени во Законот на нефер трговски практики