Полицијата апсеше наркодилери низ Скопје, уапсен и малолетник
Ноќеска во 01.00 часот полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Партизански одреди“ го привеле Д.Д.(35) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
Претходно во 23.45 часот полициски службеници од СВР Скопје на Кеј „Димитар Влахов“ при извршен преглед кај 17-годишен малолетник од Куманово била пронајдена марихуана.
Исто така во 21.20 часот полициски службеници од СВР Скопје во с.Горно Нерези го лишиле од слобода Б.С.(32) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
А еден час претходно, во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Бит Пазар го привеле М.А.(26) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
Попладнето во 16.10 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со оружје и дрога при СВР Скопје го лишиле од слобода С.М(39) од Скопје, затоа што при извршен претрес во неговиот дом во населбата Чаир била пронајдена марихуана.
По документирање на сите овие случаи, против уапсените лица ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот