Полицајка го загуби животот, а 15 лица се повредени во експлозии во украинскиот град Лавов

Една полицајка го загуби животот, а најмалку 15 лица се повредени во текот на ноќта во експлозии во градот Лавов во северозападна Украина, изјави градоначалникот на градот, опишувајќи го инцидентот како терористички чин.
Според канцеларијата на регионалниот обвинител на Лавов, полицијата била повикана по полноќ во врска со кражба во продавница во центарот на градот, објавува Укринформ.
Кога пристигнала патролата, се случила експлозија, по што следела втора во момент кога пристигнал втор полициски тим. Починатата полицајка има 23 години, соопшти обвинителството.
„Очигледно е дека станува збор за терористички чин. Петнаесет лица моментално добиваат медицинска помош, некои се во многу сериозна состојба. Полицајка почина“, изјави градоначалникот Андриј Садови во видео објавено на социјалните мрежи.
Властите објавија фотографии од фасада на зграда со скршени прозорци.
МИА
Ново на Сител
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
-

Трипуновски најави нова кампања - ќе одат директно кај земјоделците
-

Жените се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството
-

Се затрупува крушевската депонија за да се спречи нејзино запалување и пожар на околната шума
