Живот
12. September 2018 - 12:40

Полицајците врескаа од ужас: Индиец влета во станица со мачета и со главата од жената во рака

Бесен Индиец влегол во полициска станица во Чикмагалур, место на југот од Индија, носејќи глава на својата сопруга и мавтајќи со крвава мачето со која ја убил!

Неколку присутни полицајци наглас вреснаа „врати се назад“ кога Сатиш С.Г. ја извлекол главата од жената од вреќата која ја донел и ја кренал сите да ја видат.

„Господине, ова е мојата жена. Ја сакав со цело срце“, вознемирено им рекол на полицајците, а потоа и раскажал дека се викала Рупа и дека го мамела, а побеснел кога ја видел со нејзиниот љубовник.

Потоа бесно почнал да обвинува: дека ја држел Рупа како капка вода на дланка, а таа му фрлила око на Сунил, сомнителен човек со криминално досие во полиција. Дури и подигнала кредиот од 300.000 рупии (3.600 евра) и му ги дала на љубовникот.

Полицајците едвај го смириле, а потоа го наговориле да ги одведе до нејзиното тело и дури потоа го уапсиле.

Сатиш и Рупа биле во брак седум години и имале две мали деца. Во полицијата велат дека ги познаваат од порано зошто доаѓале по помош.

„Знаевме дека имаа семејни проблеми. Неколку пати ги советувавме, но не знаевме за прељубата“, вели извор во полицијата, и додава дека кај нив ретко се случува маж да убие жена, но и дека вообичаено станува збор за љубомора, прељуба или имотен спор.