Полицајците дозволија демонстрантите да протестираат пред Влада

Протестот во организација на граѓанската иницијатива „Протестирам“ што денеска почна од пред просториите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) се пресели на платото пред Владата на Република Македонија откако полицијата тоа го дозволи. Пред зградата на Владата има силно полициско обезбедување
И вечерва се бара оставка на претседателот Ѓорге Иванов, но има и барање за итно повлекување на одлуката за избори на 5 јуни, како и за почнување процес за избор на експертска влада.
За разлика од претходните три дена кога се носеа пароли „Нема правда, нема мир“, сега главниот слоган на протестот е „Скопје-цел аболиран град“.
Демонстрантите, првично од пред СЈО се упатија кон Канцеларијата на претседателот Иванов и кон Собранието на Република Македониј, а силен полициски кордон ги спречи да се приближат до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.Силно полициско обезбедување имаше и околу зградата на Собранието и не им се дозволи пристап, но сепак им беа поделени цвеќиња на полицијаците.
Демонстрантите потоа се упатија кон плоштадот „Македонија“, а дел од нив со јајца фрлаа кон „Порта Македонија“. Од плоштадот „Македонија“ преку Камениот Мост, се упатија кон плоштадот „Филип Втори“, но на крајот на мостот беа вратени назад од полицијата по што се упатија кон зградата на Владата. Засега протестите се одвиваат мирно.
Ново на Сител
-

Ново големо невреме од Црна Гора се движи кон Македонија
-

20-тина повредени по силното невреме во Скопје, надлежните ги санираат штетите
-

Герасимовски: Сите служби на Општина Центар максимално мобилизирани по силното невреме, отворени телефонски линии
-

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ од невремето во Скопје
-

Шест повредени во невремето во Скопје примени во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
-

Над 1000 повици од граѓани во ЦУК по невремето во Скопје
-

Невремето го откорна кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, активиран Кризниот штаб на Гази Баба
-

Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар
