Македонија
3. јуни 2020 - 20:56

Полицајци кои се дел од меѓународниот контингент што ја обезбедува јужната граница се ставени во изолација

Сите шеесет полицајци кои се дел од меѓународниот контингент што ја обезбедува јужната граница се ставени во изолација. Оваа одлука е донесена после вчерашната информација дека еден од унгарските полицајци кои бил во составот на  граничната полиција е позитинев на корона вирусот. Освен на овие шеесет , скрининг ќе се прави и на останатите полицајци кои одат во гранична патрола, соопшти денеска епидемиолог од центарот за јавно здравје во Гевгелија Сашо Олумчев. На ваков чекор се одлучиле бидејќи од унгарската полиција не добиле информација за иднетитетот на полицаецот чиј тест бил позитивен.

За најновите информации било разговарано и на состанокот на општинскиот штаб за заштита и спасување. Локалните власти велат дека место за паника нема, но апелираат на максимално придржување на сите мерки за заштита.

Од појавата на вирусот во државата во Гевгелија беа регистрирани четири случаи на заболени од ковид 19. Сите четворица пациенти се оздравени и веќе два месеци во оваа општина нема регистрирано нов случај.