Полицајци бараат 200 до 500 евра од затворениците за мобилни телефони, вели Зибери
„Внесувањето на недозволени предмети е извршено со посредство на службени лица. Многу често тоа е со плаќање на надомест, а последната акција на МВР само ги потврди нашите сознанија. Неофицијално можам да кажам дека за внесување на мобилен телефон, службените лица бараат од 200 до 500 евра од осудениците. Во 2015 години беше посетен и КПД Тетово. Женските малолетни деца се во Идризово. Состојбата во Тетово со условите во Тетово е на задоволително ниво, има доволно простории и соодветни услови. Но во Идризово се под нивото потребно за функционирање на ваков дом. Тие треба да бидат преместени во соодветна установа", вели Зибери.
За ресоцијализацијата омбудсманот рече дека не е на ниво и дека констатиран е недостиг од кадар од оваа област. За притворени лица, вели дека најголем проблем е и времето што го минуваат надвор, односно само 2 часа, 22 часа минуваат во затвор.
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом