Полицаец пронајден гол во своето „југо“, починал при секс со љубовницата
Полицаецот М.М. (45) е пронајден мртов вчера околу 10 часот утрото во својот автомобил марка „југо“, кој бил паркиран на проширувањето од патот недалеку од Бајина Башта. Тој бил целосно гол, а како што е утврдено починал при секс!.
М.М. во моментот на смртта најверојатно не бил на должност. Откако телото е пронајдено, на самото место се повикани неговите колеги да направат убид. на телото немало видливи повреди, а М.М. е пронајден целосно гол, но покриен со неговата полициска кошула. Телото е испратено на обдукација по налог на обвинител за да се утврди точната причина за смртта. Се сомнева дека имал инфаркт, зошто според зборовите на неговите колеги пред две години имал операција на срце.
-Последна контакт со полицаецот имала М.М која со него имала сексуален однос. Како што раскажала, во текот на водењето љубов, тој два пати лелекнал, па починал. Исплашената жена, која исто така има семејство, не знаела што да прави, па од страв побегнала од возилото. Веројатно од сожалување да не го пронајдат целосно гол, го покрила со кошула, велат соседите за оваа несекејдневна трагедија во Бајина Башта.
Починатиот полицаец бил оженет, а со сопругата имал две малолетни деца.
Ново на Сител
-
Потпишан Договор за аеропрочистувачи, ќе бидат донирани во болници, градинки, училишта,...
-
Маск поддржа обвинувања дека Зеленски сака „моќ и пари“ наместо мир
-
Приведен 58-годишен маж од с.Чергане, бил баран со потерница
-
Претрес во затворот „Идризово“, полицијата пронашла дрога
-
Уапсен 27-годишник од Радовиш, пронајдена е марихуана и дигитална вага
-
СДСМ: Граѓаните нема да почувствуваат никаков ефект од задоцнетите мерки на Владата
-
Прегазен 17-годишен пешак на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје
-
Стабилно и студено, со температури и под -10 степени