Полицаец обвинет за давање поткуп на колега на ГП Долно Блаце

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје против А.Б., виш полицаец во Единица за интервентна полиција при СВР Скопје. Тој е осомничен за кривично дело „давање поткуп“ по член 358 став 1 од Кривичниот законик.
Според истрагата, во февруари и март годинава, пријавениот понудил и дал поткуп на друг полициски службеник вработен на Граничен премин Долно Блаце со цел тој да не ја изврши својата службена должност. На овој начин, евиденцијата за влез во државата на македонски државјанин била прикажана како влез на турски државјанин.
А.Б. е лишен од слобода и задржан во полициска станица, а Основниот кривичен суд Скопје му изрече мерка претпазливост и забрана за вршење на дејност. Воедно, Одделот за внатрешна контрола најави дека ќе поднесе и предлог за поведување постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.
Ново на Сител
-

Од утре патнички возови Скопје – Битола и Битола – Скопје
-

ЦУК: Девет пожари на отворено до 18 часот, два сѐ уште активни
-

Истражна постапка и притвор за синот кој е осомничен дека си го убил таткото
-

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички
-

Шумски пожар кај село Бајково на Огражден, загрозена е и црквата Св. Петар и Павле
-

Од утре патнички возови Скопје - Битола и Битола - Скопје
-

Хрватското обвинителство подигна обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра
-

Ѓорѓиевски: По 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение
