Полицаец обвинет за давање поткуп на колега на ГП Долно Блаце

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје против А.Б., виш полицаец во Единица за интервентна полиција при СВР Скопје. Тој е осомничен за кривично дело „давање поткуп“ по член 358 став 1 од Кривичниот законик.
Според истрагата, во февруари и март годинава, пријавениот понудил и дал поткуп на друг полициски службеник вработен на Граничен премин Долно Блаце со цел тој да не ја изврши својата службена должност. На овој начин, евиденцијата за влез во државата на македонски државјанин била прикажана како влез на турски државјанин.
А.Б. е лишен од слобода и задржан во полициска станица, а Основниот кривичен суд Скопје му изрече мерка претпазливост и забрана за вршење на дејност. Воедно, Одделот за внатрешна контрола најави дека ќе поднесе и предлог за поведување постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.
Ново на Сител
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
-

Разоткриена ИПАРД шемата: Поткуп од 50 илјади евра за проект од половина милион
-

Летниот одмор годинава поскап за 15% од ланскиот
