Полицаец на должност загина во пожарот во дискотеката во Кочани
Меѓу загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани е и припадник на Министерството за внатрешни работи, вработен во Полициската станица во Пробиштип.
Како што изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, животот го загубил полициски службеник од ПС Пробиштип, кој во моментот бил службено ангажиран, односно постапувал по претходно изготвен план за контрола на угостителски објекти во делот на недозволена трговија со дрога и присуство на малолетници во дискотеката, во која изби пожарот.
Како што изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, животот го загубил полициксии службеник од ПС Пробиштип кој во моментот бил службено ангажиран, односно постапувал по претходно
-Искрено сочувство до неговите најблиски. Бев информиран од страна на началникот на СВР Штип, дека полицаецот требало да биде награден за најдобар полицаец на територијата на Пробиштип и на СВР Штип. За жал таквото одликување ќе биде дадено постхумно, рече министерот Тошковски на прес - конференцијата пред полициската станица во Кочани.
Во пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна синоќа, според информациите со кои располагаат надлежните до 11:30 часот загинале 59 лица. Од нив 35 се идентификувани, при што 31 се од Кочани, а четири се од Штип. Распишана е централна потерница за четири лица, во врска со пожарот.
Ново на Сител
-
Владата заклучи дека ќе има вонредни инспекциски надзори и ригорозни казни за непочитување на законите
-
До сега 59 загинати во големата трагедија во Кочани
-
Тошковски: До сега 20 осомничени, 15 приведени, одговорност ќе има!
-
Дискотеката Пулс немала ниту дозвола за работа од Економија, ниту елаборат кој се набавува од ДЗС
-
Деканот на Градежен факултет: Правила и регулативи постојат, совеста кај одговорните лица треба да е на високо ниво за да се избегнат трагедии
-
Сведоштво од преживеана 20-годишна девојка од дискотеката во Кочани
-
13 пациенти се транспортирани во соседните држави на лекување
-
Во штипската Клиничка болница сместени вкупно 31 пациент