Полесно повредени три лица во земјотресот од 5.6 степени во грчкиот град Парга
Три лица се полесно повредени и предизвикана е материјална штета во земјотресот со јачина од 5.5 степени според Рихтер, што кусо пред три часот по полноќ се случи во близина на грчкиот град Парга, а бил почувствуван по поширокиот регион на Епир, јави дописничката на МИА од Атина.
Епицентарот на земјотресот регистриран во 2.49 часот по локално време, бил 14 километри североисточно од Парга, а од рано утрово на терен се регистрира штетата.
Според локалните медиуми, повредените лица, биле префрлени во болницата во Јанина, а предизвикана е штета на домови, објекти и патната мрежа.
Три часа претходно, во 23.38 часот, беше регистриран уште еден земјотрес со јачина од 4.3 степени според Рихтер, со речиси идентичен епицентар.
-Нѐ загрижува тоа што започна од ниско, 4.2 степени по Рихтеровата скала на полноќ и достигна до 5.6 Рихтер во 2.49 утрово, вели претседателот на Организација за планирање и заштита од земјотреси, професорот Ефтимиос Лекас за грчката новинска агенција АНА-МПА.
Ново на Сител
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија
-
Државата ќе ги плати трошоците за складирање на јачмен се до постигнување подобра цена за земјоделците
-
Преглед на вестите од светот